САД со шпионажата на интернет зададоа силен удар на демократијата
Директорот на „Гугл“, Лари Пејџ изјави дека шпионажата на интернет, што ја вршат САД, претставува закана за демократијата.
Пејџ, кој учествува на технолошката конференција во канадскиот град Ванкувер, посочи дека поминале многу месеци пред да биде откриена американската програма за онлајн следење, додавајќи оти не само корисниците на „Гугл“, туку и на другите интернет компании биле тајно следени од американските власти.
- Исклучително е разочарувачки фактот дека Владата тоа го направи тајно и не не информира, посочи Пејџ.
Тој истакна оти разбира дека некои елементи од електронското следење поврзано со терористичките закани треба да бидат тајни, но оти критериумите по кои работат разузнавачите треба да бидат обелоденети.
- Има потреба од дебата за тоа прашање. Во спротивно нема да имаме функционална демократија. Тоа просто е невозможно,наведе Пејџ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа