ВИДЕО: Се облече во балерина само за да ја насмее својата сопруга болна од рак
Фотографот Боб Кери си поставил специјална мисија.
Тој со цел да и ја врати насмевката на својата сопруга која била болна од рак, направил нешто што малкумина би го сториле.
Кога на неговата сопруга Линда во 2003 година и бил дијагностициран рак, Боб облекол розово фустанче и се впуштил во проект кој со брзина на светлината се проширил низ интернет.
Тој позира и прави фотографии со цел да ја расположи својата сопруга пред се, а потоа и да ја подигне свеста кај луѓето за да собере пари за истражување на ракот на дојката.
20.03.2014 - 15:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа