Закажана средба Нимиц - Јолевски - Василакис
Медијаторот на ОН во разговорите за спорот за името Метју Нимиц свика нова средба со претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Во соопштението од Обединетите нации се информира дека двете страни ја прифатиле поканата за средбата која ќе се одржи на 26 март во Њујорк.
Предвидено е медијаторот Нимиц да оствари одделни средби со претставниците на Македонија и на Грција, а потоа ќе има заедничка средба во седиштето на ОН.
20.03.2014 - 15:15
Фото:
Кајгана
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа