Градскиот плоштад во Штип во ново руво

 

Градскиот плоштад во Штип полека започнува да го добива новиот лик откако започна реконструкцијата на фасадите на станбените згради.

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев вели дека со денешниот старт на овој проект почнува средувањето на централното градско подрачје. Според Захариев во изминатите 60 години никој не инвестирал во реконструкцијата на фасадите.

- Со задоволство можат да кажам дека од денеска почнува со уредувањето на фасадите на Градскиот плоштад. Тие ќе добијат нов лик свежи и убави бои и верувам дека во перцепцијата на граѓаните кога ќе доаѓаат овде ќе видат нешто убаво. Ние тука не застануваме за почеток се овие три згради, рече Захариев.

Инаку,  уредувањето на фасадите на станбените згради на Градскиот плоштад ќе чини околу 10.000 евра, а дел од средствата и материјалот се обезбедени по пат на донации.

ФОТО: Ирис

 

најчитано сега