ФОТО: Силен ветар беснеел и во Велес - еве каква штета направил

Силно невреме вчера го зафати Велес. Во попладневните часови силниот ветер откорна и искрши повеќе стебла во градот. Силниот ветар искрши многу гранки на јаворите на Којник и на другите платанови дрва што се заштитени со закон.

Со помош на брзата интервенција на службите последиците од невремето биле веднаш отстранети.

Инаку, вчера силниот ветер беснееше и во Скопје и корнеше покриви, стебла и оштети автомобили.

 

 

20.03.2014 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега