На кого ги посветува сите песни Даниел Кајмакоски?

 

Македонскиот финалист во Икс-Фактор, Даниел Кајмакоски, за српскиот Блиц си ја отвори душата и раскажа како најмногу сака да го вежба својот глас и на кого му ги посветува најчесто песните кои ги пее.

Даниел вели дека пред секој настап во шоуто X Фактор и надвор од него има голема трема, но и постојан ритуал поради кој не може на сцена да излезе во потполн елан. Неверојатно скромниот и талентиран Кајмакоски за српскиот Блиц открива и дека секоја своја песна и ја посветува на својата мајка која му е најголема поддршка и најголем критичар во животот.

Иако повеќе пати до сега се обидувал да започне пејачка кариера и никогаш до сега не го постигнал тоа што навистина го сакал и успеал да се истакне на вистинско место во вистинско време, Кајмакоски тврди дека ова е моментот кој отсекогаш го чекал и дека каков и да е исходот од ова натпреварување тој никогаш нема да се промени.

20.03.2014 - 14:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега