Вестервеле бара од Србија исполнување на условите па почеток на преговори

 

Министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле истакна дека српските власти треба да се насочат на имплементацијата во преговорите со Косово и дека ваквата шанса за земјата би можела да биде историска за земјата во приклучување кон ЕУ и НАТО. Неговата посета е значајна поради потикнување и охрабрување на земјата. ТОј истакна дека е потребно да се подобри ситуацијата со младите луѓе во земјата. Српските власти се пред историска одлука. 

- Економскиот развој е мошне важен. Ќе се отворат перспективите за младите генерации. Така станува збор за историска одлука, истакна шефот на германската дипломатија.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа каква ќе биде одлуката поврзана за добивање датум за Србија за влез во Европската унија, тој истакна дека станува збор за праведна одлука.

- Владите на земјите на Европската унија и Бундестагот не можат да донесат праведна одлука, доколку нема опипливи резултати од тој план, порача Вестервеле и напомена дека имплементацијата на планот меѓу Белград и Приштина е клучен предуслов за добивање датум за Србија.

Дачиќ оцени дека секое одложување на одлуката за датумот може да има катастрофални последици.

- Србија повеќе нема време да чека. Свесни сме дека е важна имплементацијата на она што е договорено, рече Дачиќ и потврди дека утре продолжува дијалогот во Брисел заради постигнување на договор и усвојување на планот за имплементација на тој договор.

најчитано сега