На што ќе ги потроши Кајмакоски парите доколку победи на Икс Фактор?

Македонскиот финалист на Икс Фактор Даниел Кајмакоси на прашањето на што би ги потрошил парите доколку победи , еве што одговори за порталот вистина.

- Не сум размислувал на победата, но навистина би сакал дел од парите да ги вложам во младите и да им помогнам како што мене ми помогнаа. Животниот сон и план ми се да им помогнам на младите таленти. Секако прво ќе си помогнам себе и да се стабилизирам, а потоа би отворил училиште, курс, нешто каде младите ќе можат да покажат што знаат и да научат нешто ново, а не да плаќаат еден куп пари за скапи песни кои потоа никој нема да ги слуша, вели Даниел.

20.03.2014 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега