ВИДЕО: Пронајдени три сефа во дом на сопруга на осомничен за кражбата во Музејот - еве ги деталите

Икона, боздоган, меч, секира, скриени брошеви и други предмети се пронајдени во сеф кај златарот кој беше осомничен и приведен за кражба на предмети во Музејот на Македонија.

Според податоците на полицијата, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со СВР Охрид, врз основа на претходно добиени оперативни сознанија и информации во текот на вчерашниот ден изврши претрес кај сопруга на лице осомничено во врска со истрагата за НУ Музеј Македонија, кое се товареше за сторено кривично дело – “кражба“. При претресот полицијата пронашла три сефа во кои се пронајдени 8 метални предмети од историско значење, кои преставуваат делови од народна носија и тоа едно метално ланче со 58 метални привезоци во вид на парички, едно метално ланче со 12 синџирчиња и еден метален брош, еден женски везан колан за носија со 49 монети со различна големина, еден метален машки колан, четири метални предмети со украсни гравури и четири метални делови на кои на два има четири броша.

Исто така при претресот во поткровниот дел на куќата пронајдени се 12 дрвени предмети во форма на секири, боздоган и еден меч, како и една икона. Поконкретно, по извршениот претрес пронајдени се и со потврда одземени се следните предмети: еден предмет со метална облога во вид на боздоган со должина од 53 см., еден метален предмет во вид на меч со должина од 104 см., еден метален предмет во вид на секира со заштитен долен дел со должина од 70 см, еден предмет со метална и платнена облога во форма на боздоган со должина од 55 см., еден предмет со метална и дрвена подлога во вид на секира со зашилен горен дел со должина од 75 см., еден предмет со дрвена рачка обложена со коноп во вид на секира со алка на горниот дел со должина од 100 см., еден дрвен предмет со конопна облога на горен дел поврзан со синџир и тег со должина од 106  см.,  еден предмет во вид на секира обложен  на долниот дел со коноп со должина од 119 см.,  еден предмет со дрвена рачка обложен на средина со коноп со двострано сечило во вид на секира со должина од 119 см., еден предмет со метална рачка во форма на секира со должина од 61 см., еден предмет со дрвена рачка обложена со коноп и метал со двострано сечило во вид на секира со должина од 125 см, еден предмет со дрвена рачка обложена со коноп со зашилен горен дел во вид на секира со должина од 90 см, една дрвена икона – “Успение на Пресвета Богородица“ со димензии 39х31 см.

ВИДЕО: Македонска полиција

20.03.2014 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега