Силиконската кралица го исполни ветувањето кон Кристијан Голубовиќ

Силиконската кралица Тијана Џуричиќ која стана позната по безбројните операции кои ги има направено на своето тело, реши да го промени изгледот. Тијана посетила пластичен хирург и извадила дел од силиконите кои ги има на усните и градите.

- Во ужасни болки сум по хируршкиот зафат, но ми се допаѓа мојот нов изглед, вели кралицата на силиконите за Курир.рс.

Таа додава дека на ова се одлучила не поради тоа што го зборуваат и мислат другите, туку поради самата себе. Не ја исклучува можноста повторно да направи операција на некој дел од телото.

За потсетување, неодамна Тијана му вети на Кристијан Голубовиќ дека нема да биде премногу пластична и ќе поработи на тоа, а сега и си го исполни ветувањето.

20.03.2014 - 13:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега