Измамник од Скопје земал 2.000 евра за нива и исчезнал
Скопјанец си заработи кривична пријава за измама. Според податоците од полицијата, се работи за 45-годишниот Р.П. кој на сограѓанин му понудил од него да купи земјиште во Визбегово, за кое му прикажал оригинален Имотен лист на име на сопственичката на земјиштето.
Скопјанецот лажно претставувајќи се како син на сопственичката кој е ополномоштен да изврши продажба, земал капар од 2.200 евра од оштетениот при што потпишале и изјава на нотар и се договориле наредниот ден да се сретнат и пријавениот да го донесе полномошното за да го склучат договорот, но при обидите на оштетениот да го добие на телефонските броеви кои претходно му биле дадени за контакт, Р.П. повеќе не се јавувал.
Измамникот од претходно и е познат на полицијата како сторител на кривични дела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа