Тројца скопјани завршија зад решетки

 

СВР Скопје лиши од слобода тројца скопјани кои се барале долго време. Во привиот случај се работи за 37-годишниот скопјанец Бобан Н. кој треба да одлежи затворска казна во траење од четириесет дена, за сторено кривично дело “загрозување на безбедноста на сообраќајот”.

Во вториот случај се работи за 33-годишниот Стојанче И. кој треба да одлежи една година и шест месеци затвор за  неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Исто така, постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода 27-годишниот Филип А. кој се барал од страна на Основен суд „Скопје-1“, за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

20.03.2014 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега