Премиерот Груевски денеска на самитот на ЕПП во Брисел
Премиерот Никола Груевски денеска ќе учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) кој ќе се одржи во Брисел, Белгија.
Самитот на Европската народна партија се одржува во пресрет на седницата на Европскиот Совет.
Меѓу присутните на Конгресот во Даблин се и германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, полскиот премиер Доналд Туск, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, како и актуелниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот Совет, Херман ван Ромпуј.
ЕПП е најголемата политичка партија на европско ниво, во која партиципираат 12 шефови на влади на држави од Европската унија. ЕПП е претставена и со 13 членови на Европската комисија и има најбројна пратеничка група во Европскиот парламент. Таа претставува најголема и највлијателна политичка партија на повеќе одлучувачки нивоа во Европската унија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа