На ракометниот меч против Хамбург во сала ќе се влегува само со лична карта

Ракометниот клуб Вардар ја информира навивачката група КОМИТИ за престојниот натпревар со екипата на ХСВ Хамбург во пресрет на Лигата на шампиони 2013/2014 од причина што натпреварот има меѓународен карактер, големо медиумско внимание и спортско значење за нашиот клуб, целиот натпревар ќе биде под посебен мониторинг на Европската ракометна федерација.

Поради тоа во продажба ќе бидат пуштени 1000 карти за блоковите 1 и 2.
Ракометниот клуб Вардар како организатор на овој спортски настан е задолжен да се повика во целост на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.
“Согласно член 10 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари како организатори сме обрвзани да обезбедиме контролирана продажба на влезници со увид за документ за лична идентификација”.
Поради тоа при влезот во Спортскиот Центар на секое лице кое ќе присуствува на натпреварот ќе биде должно со својата влезница да носи и документ за лична идентификација.
“Според членот 10 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари Ракометниот клуб Вардар се обврзува да обезбеди техничка опрема за следење и снимање на однесувањето на посетителите во Арената”.
“Според член 7 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, се забранува пристап во Арената на посетители кои се под дејство на алкохол и други опојни средства”.
“Според член 7 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, се преупредуваат и одалечуваат посетителите кои можат со песни, слогани или надофрлување на навредливи пораки да предизвикаат и поттикнат омраза врз основа на расна, насионала и верска припадност”.
РАКОМЕТНИОТ КЛУБ ВАРДАР ВЕ ЗАМОЛУВА ДА НЕ СЕ НАРУШУВА УГЛЕДОТ НА КЛУБОТ ВО ЈАВНОСТА И ДА СЕ ИСКОРЕНИ НАЦИОНАЛИСТИЧКОТО ОДНЕСУВАЊЕ ПОРАДИ КОИ КЛУБОТ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ИЗДВОЈУВА ГОЛЕМИ СРЕДСТВА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ГЛОБИ.
Ве замолуваме поради достојно презентирање на нашиот клуб пред целокупната спортска јавност да се придружувате до горе наведените одредби од Законот и со спортско однесување и навивање да го задржиме имиџот на клубот како и на Вашата и Наша навивачка група КОМИТИ.
Bаш РК Вардар!

20.03.2014 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега