Инспекорите во Чаир се уапсени за примање поткуп

 

Двајца инспектори вчера вечерта се уапсени во скопски Чаир под сомнение за примање поткуп. Тие од граѓанин побарале мито за да не му напишат кривична пријава по извршено кривично дело. Според информациите, полицијата проверува, дали во кривичното дело е вмешан и некој од претпоставените на инспекторите. 
Во полициската кација вчера во комплексот Чаирчанка учествуваа поголем број полициски службеници. Видео од апсењето, можете да погледнете тука

20.03.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега