Нема кодоши меѓу претседателските кандидати
Комисијта за лустрација ја известила Државната изборна комисија дека меѓу четрите претседателски кандидати, Ѓорге Иванов, Зоран Поповски, Стево Пендаровски и Илијаз Халими нема соработници на тајните служби. На Комисијата за верификација на фактите во периодот што престои и следи напорна работа бидејќи треба да го провери евентуалното кодошко минато на сите кандидати за пратнеици кои партиите и групите избирачи ќе ги предложат за престојните парламентарни избори.
Иако мандатот на Комисијата е истечен, лустраторите можат да проверуваат досеија се додека Собранието не избере нов лустрациски состав.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа