Гостивар: Заклучил малолетничка во интернет кафе и и пуштал порно
34 годишен маж од гостиварско Врапчиште, заклучил 14 годишна малолетничка во интернет кафе во селото и и пуштал порнографски материјали. Тој во вторникот вечерта ја повикал во кафулето по што ја заклучил внатре пуштајќи и порно филмови. Девојчето се исплашило и се обидела да побегне, но осомничениот почнал да ја влече за коса и да ја удира со тупаници по телото и главата. Случајот е пријавен во полиција, а на осомничениот му се одредени 8 дена притвор
20.03.2014 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа