„Потпиши ја оставката“- нападнат директорот на Првиот канал на ТВ Украина

Неколку бесни политичари членови на екстремно десничарската украинска партија Слобода, го нападнале директорот на Првиот канал на ТВ Украина, Александар Пантелејмонов во неговата канцеларија и го принудиле да поднесе оставка, поради одлуката да се пренесува свеченоста од Кремљ, на која рускиот претседател Владимир Путин го потпиша договорот со кој Крим официјално е присоединет кон Русија. 

Тие почнале да го удираат Пантелејмонов по глава и да викаат на него се додека времениот директор не се согласил да се повлече од функцијата.

Го навредувале и обвинувале дека е руски платеник, а целиот напад го снимале и потоа го ставиле на интернет.

Парламентарната партија Слобода е меѓу најголемите политички организации во Украина, предводена од Олег Тјахнибок, еден од лидерите на протестите на киевскиот Плоштад на независноста.

- Потпиши ја оставката. Седи! Ти реков да седнеш. Еве ти хартија и пенкало...Ајде, брзо потпиши ја оставката, животно. Ти си руско ѓубре, викал еден од разлутените пратеници, на што директорот одговорил дека не е Русин, туку Украинец.

Меѓу насилниците бил и Игор Мирошниченко, член на парламентарниот одбор за слобода на говорот. По нападот тој им изјавил на новинарите дека не направил ништо лошо, но се согласил на истрага.

20.03.2014 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега