Премиерот го чисти сопствениот двор - уапсен член на неговиот кабинет

Член на кабинетот на поранешниот спрски премиер Ивица Дачиќ вчера е уапсен во пшолициска акција во Белград. Драгољуб Пеурач, директор на инспекторатот за труд е приведен откако бил пријавен од сопственик на компанија која ангажира вработени на безнсински пумпа дека го рекетира и му барал 30.000 евра, јавуваат српските медиуми. Според информациите кои ги објави српски Курир, Пеурач искористил еден случај во кој вработена на една бензинска пумпа починала на работното место како последица на инфаркт и го уценувал сопственикот, да му исплати 30.000 евра доколку не сака да му ја одземе лиценцата. Сопственикот на фирмата пријавил во полиција по што била организирана акција, а директорот на Инспекторатот е фатен со 15.000 евра мито кај себе.  

 

20.03.2014 - 10:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега