Фифи нападнат и навредуван од белградски таксист

 

Поранешниот македонски учесник на Икс Фактор Филип Јаневски познат како Фифи откако го напушти шоуто остана во Белград за да ја гради својата музичка кариера. Но на Фифи пред два дена му се слуила непријатна ситуација кога еден белградски таксист сакал да го нападне.

- Се враќав од снимање на Пинк каде ја промовирам мојата прва песна “Намерно“. Најнормално повикав такси кое дојде по неколку минути и тука настана хаос. Возачот кога ме препозна  не сакаше да тргне на адресата, одби да вози и викаше и ме навредуваше. Ми зборуваше дека сум срам за своите родители, дека не сум нормална и дека треба да се срамам. По неколку минути расправија, ме исфрли надвор по што ја повикав другарка ми да дојде по ме – раскажува Фифи.

20.03.2014 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега