Филе: Да се казнат одговорните за насилствата во Украина
Штефан Филе за Чешкото радио изјави дека се согласува со воведување на санкции против одговорните за насилството во Украина.
Според Филе, како што јави дописникот на МИА од Прага, Европската комисија е подготвена да реагира на влошената ситуација во Украина. За преземање на конкретни санкциите денеска во Брисел уште еднаш ќе разговараат министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.
- Јас не гледам неуспех на европската дипломатија. Гледам неуспех на владата, авторитетот на украинскиот претседател, кој ми се чини многу долго го ингнорираше Мајдан и барањата на демонстрантите. Ми се чини дека неуспеа и опозицијата, која ниеднаш не беше во состојба да застане на чело на движењето за Мајдан и јасно да дефинира програма, вели Филе во врска со причините за ескалацијата на ситуацијата во Украина.
Тој изрази надеж дека предвидувањата за распаѓање на Украина на две држави се само шпекулации. Најавувајќи ги разговорите за конкретни санкции, Филе додаде дека во Украина се планираат посети на високите претставници на ЕУ.
- Бидејќи со санкциите во никој случај не сакаме да ја изолираме Украина, мерките ќе бидат насочени кон неколку политичари и претставници, вели Филе повторувајќи дека целта за приближување на Украина кон Унијата останува, без разлика дали тоа ќе биде преку Спогодбата за асоцијација или преку друга форма на соработка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа