Обама: Нема да влегуваме во воена акција во Украина
Претседателот на Америка, Барак Обама денеска отфрли каква било воена акција на САД во Украина, но вети дека ќе изгради „силен дипломатски фронт“ против Русија.
- Нема да влегуваме во воена акција во Украина. Она што ќе го сториме е да ги мобилизирале сите наши дипломатски извори да обезбедиме дека сме добиле силна меѓународна поврзаност која испраќа јасна порака, рече Обама во инетрвју за американската тв мрежа Ен-Би-Си во Сан Диего, Калифорнија.
Обама, кој во понеделникот наметна санкции на 11 руски и украински претставници, рече дека Вашингтон ќе изврши дипломатски напори да се изврши притисок врз Русија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа