Аврамопулос: Грција прифаќа само „ерга омнес“ име

 

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос, преку весникот "Вима" уште еднаш ги повторува позициите на Атина за прашањето за името. Аврамопулос пишува дека Грција бара решение кое ќе се користи за сите, за секаква употреба – ерга омнес, кое нема да остава простор за иредентистички и националистички аспирации.

-На нашите соседи во ФИРОМ им пративме порака за потпишување меморандум за соработка, и на тој начин ја покажавме нашата волја за изнаоѓање решение под неповредливиот принцип на взаемното историско и културно почитување што се поставува како услов за изнаоѓање решение на името. Решение кое ќе биде за сите и за севкупна употреба (ерга омнес) и нема да остава простор за враќање на национализмот од минатото и за иредентистички аспирации, пишува шефот на грчката дипломатија во својот текст во неделното изнание на "Вима".

Во делот посветен на регионот, Аврамопулос објаснува дека Грција ја поддржува евроатланската интеграција на земјите од западен Балкан, но, ја споменува и опасноста од пораст на екстремен национализам и популизам.

најчитано сега