Си Ен Ен: Џиновски астероид во петок ќе удри во Земјата
За два дена се подготвува удар од астероид на Земјата, кој го најавуваат блогерите ширум светот.
Сето тоа ги подгрева информациите дека СНН, поточно Ројтерс уште во 2003 година, издаде предупредување дека постои можност во 2014 година, во Земјата да удри џиновски астероид.
Ако можеме да му веруваме на СНН, ако дојде до удар од астероид по име „2003 КК47“ тоа ќе има сила како на Земјата да удриле 20 бомби како онаа што беше фрлена на Хирошима.
Експертите кои тогаш ја изјавија оваа информација, говорат дека астероидите како што е овој, се преостанати камења од формирањето на Сончевиот систем пред 4,5 милијарди години.
Овој астероид е на сигурна оддалеченост од Земјата.
Но, влијанието на гравитацијата на Јупитер, може да го помести астероидот и да го насочи кон Земјата.
Оваа информација ја пренесе д-р Алан Фитчсимонс, а други експерти сметаат дека шансите за тоа да се случи се 1: 250.000.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа