Фифи нападнат во Белград

 

Поранешниот натпреварувач на  Икс Фактор Фифи го нападнале во Белград. Инцидентот се случил во такси. Фифи повикал такси по гостувањето во  Пинк Телевизија. Кога влегол во таксито на возачот му кажал до која адреа да го однесе. Но, тој одбил, откако го препознал од телевизија веднаш почнал да вика и да го навредува.

- Му кажав до каде треба да ме однесе. Но тој почна да вришти, да ми вели дека јас сум срам за моето семејство, дека не сум нормала и дека треба да се срамам. После неколку минути откако ме навердуваше ме исфрли од кола, им се јавив на моите другарги за да дојдат и да ме земат, раскажува Фифи.

Фифи инаку  во српските медиуми во неколку наврати изјави дек е среќен во Србија и дека сака таму да ја гради својата кариера. Фифи пред неколку дена ја промовираше својата нова песна.

19.03.2014 - 22:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега