Украина воведува визи за Русија
Украина ќе воведе визи за Русите ќе го напиушти ЗНД.
- Ние на Министерството за надворешни работи му дадовме задача да воведе визен режим кон Русија, рече Парубиј по седницата на Советот.
Украинската телвеизија ТВ1 јави дека на МНР му е наложено во најскоро време да го организира преминот на границата со пасоши и да воведи систем на визен режим.
- Мислам дека тоа ќе биде сторено во следните денови, укажа Парубиј.
Воедно, Украина денеска одлучи да ја напушти Заедницата на независни држави (ЗНД), во која членуваа девет поранешни советски републики и е раководена од Русија, дополни Парубиј.
- Одлучено е да се почне процедура за излегување од ЗНД, изјави Парубиј на прес-конференција по седницата на Советот за национална безбедност и одбрана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа