Најсреќниот ден и се претвори во трагедија - почина на денот на свадбата

За 24-годишната Доњета Ахмети најсреќниот ден во животот се претвори во ден на трагедија.

Имено, како што јави дописникот на МИА, на денот на свадбата, Доњета доживеала излив во мозокот, паднала во кома и починала пет дена подоцна.

- Се беше јасно уште истиот ден, таа почина на најсреќниот ден во животот за секоја девојка. Два часа пред да дојдат сватовите таа се струполи во родителскиот дом од каде требаше да излезе во бела венчаница. Прво ја однесоа во болницата тука, но со надеж дека ќе биде подобро и ќе има поголема лекарска грижа и внимание ја однесоа за Скопје. Само што пристигнаа во Скопје не известија дека мозокот и е мртов... И го одржуваа во живот само срцето, изјави низ плач нејзина блиска колешка.

Ведрата, секогаш насмеана, енергична, Доњета била академски граѓанин и работела во компанијата ИПКО.

- Кога наутро одевме со автобус на работа сите бевме поспани, таа влегуваше секогаш со насмевка и полна со елан. Никогаш ни на сон не можев да помислам дека ја очекува таква судбина, вели колега од работа.

Трагедијата за да биде уште поголема девојката била бремена.

19.03.2014 - 19:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега