Крим за три часа треба да го ослободи командантот на украинската флота
Вршителот на должноста претседател на Украина, Олександар Турчинов попладнево на властите на Крим им даде рок од три часа да го ослободат командантот на украинската Воена поморска флота, вице-адмирал Серхиј Хајдук и „останатите зложници“.
- Олександар Турчинов на самопрогласените власти на Крим им даде три часа да ги ослободат сите заложници, вклучително и командантот на флотата Серхиј Хајдук, се наведува во соопштението на Кабинетот на украинскиот в.д. претседател.
Во соопштението се додава и дека ако властите на Крим не го исполнат барањето, Киев ќе преземе „соодветни мерки“.
Органите на Јавното обвинителство на кримскиот град Севастопољ денеска го приведоа вице-адмиралот Хајдук, под обвинение дека на украинските воените единици на Крим „им пренел наредба од Киев за употреба на сила против мирни граѓани“.
Апсењето на Хајдук следи откако претпладнево припадници на проруските „сили за самодбрана на Крим“ ја презедоа зградата на Штабот на украинската Воена морнарица во Севастопиољ. Од зградата се отстранети државните симболи на Украина и се истакнати знамињата на Русија и на руската Црноморска флота.
Попладнево „силите за самодбрана“ под своја контрола ја ставија и украинската база во Новоозорное, во западниот дел на Крим.
Ваквите потези уследија откако вчера рускиот претседател Владимир Путин и кримските лидери потпишаа договор за „пристпување на Република Крим кон Руската Федерација“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа