Беџети се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите
Министерот за правда Блерим Беџети денеска се сретна со Герт-Хајнрих Аренс, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и предвремените парламентарни избори 2014.
Соговорниците разговарале за последните промени во Изборниот законик, направени согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, што беа усвоени консензуално и заложбите на Владата на Република Македонија за спроведување на фер и демократски избори.
- Претседателските и вонредните парламентарни избори ќе бидат тест за демократските капацитети на државата, особено по консезуалните измени на Изборниот законик, истакнал шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР, Герт Аренс.
На средбата било изразено взаемно задоволство за соработката со меѓународните набљудувачки мисии во досегашните изборни циклуси, како и очекување истата да продолжи и во иднина, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа