Внимавајте: Нова голема измама се шири на социјалните мрежи
Како што и вообичаено се искористуваат големите катастрофи и несреќи за измами на социјалните мрежи, овојпат измамниците се сетија да го искористат исчезнувањето на малезискиот авион во кој патуваа 239 патници, веста која го шокираше светот.
На Интернет последниве денови се појавуваат лажни линкови кои се однесуваат на изчезнатиот авион. Лажните линкови сешират на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Се работи за фотографија од авионот на која пишува дека тој конечно е пронајден.
Кога ќе кликнете на линкот прво мора да пополните некои анкети, меѓу кои се бара и пристап од страна на корисникот. На тој начин измамниците доаѓаат до вашите меил адреси, броеви, кои можат да ги искористат за било какви цели.
Од Фејсбук ги предупредуваат корисниците да не паѓаат на вакви трикови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа