Сите го подаруваат она што го носат во срцето!

Поучна приказна која вреди да се прочита. Секојдневно еден сиромашен човек одел од врата на врата и барал помош.

Но еден дензазвонел на една убава куќа кај богат домаќин кој се мислел што да му даде и на крај му подарил корпа полна со ѓубре. 

Сиромавиот се насмевнал ја зел корпата и заминал. Ја испразнил, ја исчистил и ја наполнил со преубави цвеќиња. Се вратил кај истиот богаташ и му ја дал истата корпа.

Богатиот се зачудил и му рекол: Зошто ми ја даваш оваа корпа полна со убави цвеќиња, кога јас тебе ти ја дадов полна со ѓубре?

А, сиромавиот му одговорил: Сите го подаруваат она што го носат во срцето!

Извор: Курир

19.03.2014 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега