Јанкулоска: МВР си ја заврши работата - за избирачкиот список прашајте го ДИК
Сите прашања поврзани со Избирачкиот список треба да се упатат до претседателот на Државната изборна комисија бидејќи согласно Изборниот законик тоа е единствената надлежна институција која може да каже кој ќе биде, а кој не на Избирачкиот список.
Ова е одговорот од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулокска на новинарското прашање во врска со изјавата на Абдулаќим Адеми за лицата кои лани биле впишани впишани да гласаат во општините Центар и Кичево, а сега се пријавени во Тирана.
Таа не сакаше да ја коментира изјавата на Адеми или на кој било друг политичар, затоа што, истакна, ова е период на предизборна кампања и ваквиот настан го гледа како начин на сопствена промоција пред сопственото гласачко тело.
- Прашањата што се однесуваат на стручното и професионално работење на институциите треба да се упатуваат на вистинската адреса. МВР во доменот на своите законски надлежности максимално професионално ги врши сите активности кои од нас ги бара законот. Како ќе изгледа Избирачкиот список, дали некој ќе биде избришан или додаден врз основа на приговори од овластените поднесители на приговори, јас не би можела да одговорам затоа што не сум член на ДИК, изјави Јанкулоска денеска по работниот состанок со раководството на Одделот за обезбедување при МВР, во пресрет на кампањата за претстојните претседателски избори, која официјално започнува на 24 март
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа