Средношколци се испотепале во „Зеф Љуш Марку“

Околу 14 часот во текот на вчерашниот ден, во ходникот од ДСУ „Зеф Љуш Марку“ настанала тепачка помеѓу двајца ученици.

Според податоците од полицијата се работи за 18-годишниот Б.А. и 19-годишниот Р.Ј. од Скопје кои си размениле неколку удари во пределот на главите, нанесувајќи си видливи повреди.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

19.03.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега