Јацењук изададе наредба првиот вицепремиер и министерот за одбрана да заминат за Крим

 

Новиот украинскипремиер Арсениј Јацењук денеска изададе наредба првиот вицепремиер Виталиј Јерема и вршителот на должноста министер за одбрана Игор Тенкох да заминат за Крим со цел да се реши ситуацијата во регионот, контролиран од руски војници.

Остап Семерак, на седница на владата, изјави дека Јерема и Тенкох ќе бидат задолжени да гарантираат дека конфликтот нема да добие воен карактер.

Кримскиот премиер Сергеј Аксјонов изјави дека во регионот нема да бидат дозволени именувани од властите во Киев високи украински службеници.

- Тие не се пожелни во Крим. Никој нема да ги пушти во Крим. Тие ќе бидат вратени, изјави Аксјонов.

19.03.2014 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега