Од јуни ветерниците во Богданци ќе почнат со производство на струја

Шеснаесетте ветерници во Богданци, наскоро ќе почнат со производство на таканаречената зелена енергија. Од ЕЛЕМ посочуваат дека ваквиот капитален енергетски капацитет кој е прв од ваков вид во земјава ќе биде подготвен да влезе во пробно производство на електрична енергија, а кон крајот на мај или почетокот на јуни годинава ќе стартува и си редовно производство, пренесува Вечер. 

Целосно се комплетирани сите 16 ветерници од првиот парк на ветерни електрани лоцирани кај Ранавец - Богданци, а во моментов во полн ек се активностите за негово поврзување со електропреносната мрежа на МЕПСО". Како што велат од Електрани на Македонија" ((ЕЛЕМ"), наскоро овој капитален енергетски капацитет, кој е прв од ваков вид во земјава, ќе биде подготвен да влезе во пробно производство на електрична енергија, а со редовно производство на таканаречена зелена енергија на крајот на мај или на почетокот на јуни годинава. 

-Ќе следува и период за тестирање на перформансите на комплетната техничка опрема. Истовремено, ќе започне и асфалтирање на комплетната инфраструктура и активностите за хортикултурно уредување на просторот околу ветерниците. Во согласност со динамиката на работа, претстојната пролет овој капацитет ќе влезе во редовно производство на електрична енергија - велат од ЕЛЕМ" и потсетуваат дека на процесот на монтажата му претходеше и исклучително сложената операција за транспорт на компонентите на ветерниците.
ПВЕ Богданци" со 16 ветерни електрани се очекува да испорачува најмалку 100 гигават-часови природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на 60.000 граѓани во земјава.

-Истовремено, тие ќе ја зголемат инсталираната моќност на ЕЛЕМ" за 36,8 мегават-часови. Со овој проект ќе се зголеми и учеството на обновливите извори во производството на нашата компанија - посочуваат од ЕЛЕМ".

Според нив, деловите од само една ветерница за да се превезат од Солунското пристаниште до самата локација беа распоредени во десетина огромни камиони, што формираа конвој подолг од еден километар. Вкупната тежина на сите компоненти што сочинуваат една ветерница надминува 330 тони.

Од компанијата информираат дека турбините се производство на Сименс - Данска и се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри.
Проектот е вреден 55,5 милиони евра, заемот од Владата на Сојузна Република Германија преку КФВ банка изнесува 47,9 милиони евра, додека 7,6 милиони евра веќе обезбеди ЕЛЕМ" од сопствени средства.

По стартот и производството на струја од ветер во Македонија значително ќе се зголеми производството на енергија од обновливи извори, кое до 2020 година треба да достигне 20% од вкупното производство. Во моментов тоа достигнува 13,7% од вкупното производство на струја во земјава.

Инаку, инвестициите на енергетската компанија ЕЛЕМ" во изминатите неколку години се во значителен подем. Токму од овие причини, како што се вели во Отчетот за сработеното на Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери за 2011-2014 година, во моментов долгорочен интерес за Република Македонија е ЕЛЕМ" да не се продава и да остане целосно во државна сопственост. 

Шведска европски рекордер за енергија произведена од обновливи извори 
Според анализите на Евростат, и земјите-членки на ЕУ постојано инвестираат во енергетски објекти коишто произведуваат таканаречена зелена енергија од обновливи извори. 
Највисок процент на обновливи извори на енергија како дел од финалната енергија во 2012 година статистичарите регистрирале во Шведска, каде што тие достигнале високи 51,0% од вкупната произведена енергија. По нив е Латвија со 35,8%, Финска со 34,3% и Австрија со 32,1%. Бугарија и Естонија се држави кои се очекува да имаат веќе 20% од производството на енергија од обновливи извори.
Засега на дното на листата е Малта со 1,4%, Луксембург со 3,1%, Велика Британија со 4,2% и Холандија со 4,5%.

19.03.2014 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега