Десет вработени во францускиот „Оранж телеком“ извршиле самоубиство

 

Од почетокот на оваа година во француската телеком компанија „Оранж“, која вработува околу 100.000 луѓе, околу десет вработени извршиле самоубиство.

Ова е алармантен податок, иако самоубиствата во оваа компанија не се реткост, бидејќи во текот на минатата година исто така десет вработени извршиле самоубиство, соопшти Опсерваторијата за стрес - организација задолжена за набљудување на условите за работа.

Според организацијата, која ги следи работните услови и нивото на стрес, главните причини за самоубиства во Оранж се врзуваат за работата, односно за условите на работа, стресот, и стравот од губење на работното место.

Најмногу самоубиства се случиле меѓу 2008 и 2009, кога 35 вработени си го одзеле животот, по што шефот Дидие Ломбард замина од раководната функција.

 

 

19.03.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега