Седмо првенство во крос-кантри трчање на македонските војници

 

Во касарната „Чеде Филипоски - Даме“ во Кичево, денеска ќе се одржи седмото првенство на АРМ во крос-кантри трчање, во организација на Генералштабот на АРМ.

На првенството се очекува учество на повеќе од 120 припадниците на АРМ, од сите команди и единици на АРМ, Воената Академија и Атлетската Федерација на Македонија.

Атлетската дисциплина во крос-кантри трчање, во АРМ редовно се одржува во последниве неколку години, што придонесува постигнување на забележителни спортски резултати во атлетиката на меѓународните атлетските воени првенства, и на натпреварувања во  Македонија.

19.03.2014 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега