Обложувалниците предвидеа- Ерменија ќе победи на Евровизија?

Ако се суди според тоа како котира во обложувалниците претставникот на Ерменија на овогодишната Евровизија би можел да ја однесе победата.

29-годишниот Арам Саргсјан, ја изведува песната „Not alone“.

Кога се во прашање претставниците од нашиот регион, обложувалниците не им даваат големи шанси. Сите се сместени после 25-то место. Македонија ја претставува Тијана Дапчевиќ со песната „To the Sky“, Црна Гора ја претставува Сергеј Четковиќ со песната „Мој свет“, додека Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина оваа година нема да учествуваат на Евровизија.

Да потсетиме оваа година натреварот ќе се одржи во Копенхаген. 

19.03.2014 - 10:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега