Убиен еден припадник на единицата за самоодбрана и украински војник на Крим

 

Припадник на единицата за самоодбрана и украински војник загинаа денеска откако снајперисти отворија оган од делумно празна зграда во близина на украински воено-истражувачки ценатр во Симферопољ, јави телевизијата Раша тудеј.

Еден снајперист е приведен, а другиот е во бекство. Во инцидентот ранети се две лица - едно од украинската армија и едно од единицата за самообрана.

Како што соопшти кримското МВР е пукано од зграда спроти воениот центар и цел биле локални кримски единици за самоодбрана и воениот центар. Кримската полиција и обвинителството спроведуваат истрага за нападот.

 

Според првичните информации објавени од Раша тудеј, цел на нападот бил мал украински воен топографски истражувачки центар каде најголем дел вработени се жени и кој бил слабо обезбедуван. Центарот, наводно одлучил да се припои кон Крим и Русија, и подготвувале документација за тоа.

19.03.2014 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега