Касацискиот суд ја потврди забраната на Берлускони за извршување јавна функција
На поранешниот премиер Силвио Берлускони вчера му беше потврдена двогодишната забрана за обавување на јавна функција од страна на Kасацискиот суд, кој воедно е највисоката судска инстанца во Италија.
Забраната е во рамките на пресудата за затајување на данок.
Поранешниот премиер Берлускони се жалеше до Касацискиот суд поради пресудата донесена во октомври минатата година од страна на Алелацискиот суд во Милано.
На 1 август минатата години Kасацискиот суд ја потврди четиригодишната затворска казна за Берлускони поради затајување на данок, од кои три се одземени врз основа на Законот за амнестија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа