ЕКСКЛУЗИВНО: Екстрадиран во Македонија обвинет во „Шпион“

 

52 годишниот велешанец Борис Перков рано утрово е екстрадиран од Прага во Македонија. Како што дознава Press24 екстрадицијата се спроведувала преку аеродромот во Виена. Перков без проблем е префрлен во Истражниот затвор во Скопје. Тој е еден од двете лица кои треба преку екстрадиција да бидат обезбедени за случајот кој против нив се води во Македонија. Екстрадиција чека и Зоран Божиновски кој е во притвор во Србија.
Во случјот Шпион обвинети се 20 лица. Тие одговараат за оддавање државни тајни, злосторничко здружување, закани, изнуди.
Судскиот процес во Македонија веќе започна а судот одржа неколку рочишта

19.03.2014 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега