Како во лето: Топол бран во цела Европа - температурите рушат рекорди

Срушени се неколку температурни рекорди за месец март. Во Италија вчера биле измерени 29°C, во Босна 28°C а во Словенија и во Хрватска со 27°C.

 

 

Во текот на вчерашниот ден во западна и јужна Европа температурите биле над 20°C, а понекаде достигнале и летни 29°C, пишува специјализирнаиот портал за временска прогноза, Weather4all.

Најтоло било на север од Италија, односно во Болцано вчера биле измерени неверојатни 29°C. На југ од Шпанија биле измерени температури од 28°C, а температурен рекорд за месец март бил срушен во Босна, оснодно во Зеница каде што биле измерени 28°C.

Многу топлата воздушна маса ја покачи температирата во поголем дел од Европа. Високи температури биле измерени во Хрватска и Словенија каде што температурите се искачиле до 27°C, а во Љубљана бил соборен температурниот рекорд за месец март каде што биле измерени 25°C.

Високи температури се очекуваат и во текот на денешниот и утрешнот ден. Во Македонија денеска се очекуваа максималната температура да достигне до 25°C, а за утре и до 26°C. 

18.03.2014 - 23:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега