Аманда Сејфрид: Прекрасно се бакнував со Меган Фокс

Аманда Сејфрид се појави на насловната страна на апрлиското издание на „Дабл Ју“, а во самото списание се објевен и серија од фотографии од нејзинито едиторијал.

Убавата 28-годишна актерка во интревјуто за списанието открива и некои интересни детали за соработката со нејзината колешка Меган Фокс со кој се бакнуваше во филмот „Jennifer's Body“.

- Навистина прекрасно се бакнувавме. Имаме слични стилови на бакнување. Кога ја гледам таа сцена, навистина е многу секси, вели Аманда.

Филмот „Jennifer's Body“ е хорор комедија од 2009 година, кој говори за опседната мажоретка-убиец, но тој не помина добро, ниту кај критиката, ниту кај публиката. 

- Тоа го направивме за публиката, но за жал публиката не се појави, заклучи Аманда за филмот.

18.03.2014 - 20:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега