Почина украинскиот војник кој беше ранет во Крим

 

Украинскиот војник, кој денеска беше ранет при нападот врз воената база на периферијата на кримскиот главен град Симферопољ, почина од здобиените повреди, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Украина, Владислав Сележњов.

Тој наведе дека во нападот е повреден и еден капетан.

- Не е јасно кој го изведе нападот, истакна Сележњов, но напаѓачите ги опиша како „непознати војници со целосна опрема и прикриени лица“.

Претхпдно, украинските медиуми објавија дека руски сили ги нападнале укранските војници во базата во Симферопољ.

18.03.2014 - 18:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега