Тони Михајловски се јави на Фејсбук: Имам многу причини зошто Ѓорѓе Иванов
Македонскиот актер Тони Михајловски на социјалната мрежа Фејсбук отворено ја даде својата поддршка за претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, за претстојните претседателски избори.
- За 20 години театар ми се случи само еднаш претседателот на Република Македонија да изрази желба да се види со актерите за да честита. Не беше тоа премиера каде што обично врие од новинари. Тоа беше реприза на „Изгубени Германци” уште додека се играше во стариот театар. Не ни знаевме дека е во публика. Не не напна обезбедувањето.После претставата не замолија да останеме пет минути за да се види со нас доколку сакаме. Сите останавме и сите поразговаравме со него. И од ВМРО и од СДС И сите бевме насмеани. Пријатна беше и средбата и разговорот. Ни кажа дека претставата му ја препорачал син му. Имам повеќе причини зошто Ѓорѓе Иванов. Ова е една од нив. Човечка, напиша актерот на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа