ДУИ поднесе приговор до ДИК за 453 гласачи од Тирана

ДУИ поднесе приговор до Државната изборна комисија за 453 гласачи запишани во Избирачкиот список кои се пријавени за гласање во Амбасадата во Тирана. Абдилаќим Адеми истакна дека повеќе од овие лица имаат иста адреса на живеење. 

- Врз основа на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето се вели дека: се смета дека граѓанинот има обезбедено стан за живеење, ако тој или член на неговото семејство има вселив стан по основ на сопственост или договор за закуп во согласност со законот, значи  горенаведените лица  немат обезбедено ниту имот ниту немат договор за домување, затоа тие се пријавени спротивно на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето, рече Адеми на прес-конференција.

ДУИ бара од ДИК и Министерството за внатрешни работи да го разгледаат нивното барање и да ги избришат овие лица од Избирачкиот список со што ќе се придонесе за поголема доверба во изборниот процес.

Адеми одговарајќи на новинарско прашање за наводите на ДПА за тоа дека одредени министерства раководени од кадри на ДУИ исплаќале големи хонорари на нивни членови како советници, рече дека ДУИ е партија која раководи со сериозни институции и оти сите одлуки се носат според законот.  

- ДУИ е сериозна партија и раководи со сериозни институции. Во нив одлуките не ги носи само едно лице туку според законот и потребите на соодветното министерство се ангажираат советници за поедини прашања. За кои прашања била ангажирана Ермира Мехмети од министерот за одбрана Талат Џафери ќе го прашате министерот, рече Адеми.

18.03.2014 - 14:57
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега