Хрватите ги копираат идеите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ

-Старо-новиот градоначалник на Загреб Милан Бандиќ, кој беше реизбран за прв човек на главниот град на Хрватска, во кампањата од локалните избори за заштитен знак го користеше популарниот „лајк", кој во кампањата за локални избори најпрво беше употребен од владејачката коалиција „За подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пишува Курир.

Курир тврди дека оваа идеја на Бандиќ доаѓа токму од нашата земја, бидејќи "лајкот" беше заштитен знак на владејачката коалиција на Локалните избори во март. Исто како и владејачката коалиција во Македонија, и Бандиќ стигна до убедлив триумф на изборите.

Порталот тврди дека ова не е единствено што Хрватите го копираат од Македонија. 

-Како што објавија тамошните медиуми пред извесно време, Хрватите ќе одат на големо инвестициско роуд шоу во Кина. Ваквата финансиска политика која во моментов Хрватска ќе се обиде да ја оствари е уште една потврда за здравата економска политика која во моментов ја води Владата на Република Македонија, пишува Курир.

Според порталот Хрватите одлучиле да ловат инвестиции на ист начин како и македонската Влада.

Хрватска, тврди Курир, се обидува да спроведе и даночни политики и образовни реформи по теркот на македонскиот пример.

Извор: Курир 

најчитано сега