Кличко: Да се прекинат дипломатските односи меѓу Киев и Москва
Поранешниот боксер Виталиј Кличко денеска побара од Владата на Украина итно да ги прекине дипломатските односи со Русија.
- Имајќи ги предвид непријателските активности на руските власти и праксата на меѓународните односи, бараме итен прекин на дипломатските односи меѓу Украина и Русија, изјави Кличко, кој е поранешен светски боксерски шампион.
Барањето на Кличко уследи откако рускиот претседател Владимир Путин и кримските лидери потпишаа договор за „прием на Република Крим во Руската Федерација“.
18.03.2014 - 14:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа