ОНЕ донираше за децата без родители и родителска грижа во интернатот “Гоце Делчев” во с. Љубанци
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ го опреми интернатот “Гоце Делчев” во селото Љубанци со телевизори и Boom TV приемници, а децата сместени во интернатот ќе можат и бесплатно да ја следат програмата на Boom TV.
Донацијата е остварена во соработка со Здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи “Градиме Иднина” и истата има за цел да го олесни и разубави секојдневието на децата без родители и родителска грижа сместени во интернатот.
Во името на ОНЕ донацијата ја предаде Главниот извршен директор Цирил Кафол кој во оваа прилика изјави:
“Децата без родители и родителска грижа заслужуваат детство еднакво на она кое го имаат нивните врсници, без грижи, исполнето со игра и забава. Ние сме секогаш подготвени да излеземе во пресрет и да помогнеме на маргинализираните групи во општеството, а денешната донација, една од многуте до сега, го потврдува токму тоа.”
Донацијата ја прими претседателот на Здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи “Градиме Иднина”, Илија Јовановиќ кој изрази благодарност за соработката и поддршката која ОНЕ им ја дава на децата без родители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа