Дочекајте ја пролетта подготвени за фотографирање со новите компактни Cyber-shot™ фотоапарати од Sony

Без разлика дали сте на одмор или се забавувате, новите компактни Cyber-shot фотоапарати од Sony ви даваат импресивна моќ за фотографирање и едноставна функционалност која ќе ви овозможи многу едноставно да направите фантастични фотографии и видеа во висока дефиниција.  

Новиот DSC-HX400V од Sony нуди неверојатни можности за фотографирање без да ве успорува со својата тежина. Повеќе не треба да се грижите за промена на леќите додека сте надвор, масивниот 50x оптички зум на фотоапаратот е идеален за секоја ситуација, од релјефи до семејни сцени, концерти во живо како и драматични фотографии одблизу за спортски сцени или пак фотографирање во природа.

Со оптичкиот стабилизатор на сликата и интелегентниот активен режим за фотографирање ќе може да снимите видеа во висока дефиниција со кристално јасна слика без замаглувања, дури и во ситуации каде што  тресењето на раката е предизвик за секој фотограф. Секој кадар ќе биде преполн со богати детали, благодарение на високо квалитетните ZEISS Vario-Sonnar T објективи, Exmor R™ CMOS сензорот со заднинско осветлување и 20.4 ефективни мегапиксели, како и BIONZ X процесорот на слика којшто е три пати помоќен од својот претходник.

Cyber-shot HX400V е чекор понапред во квалитет на сликата во однос на останатите компактни фотоапарати, користејќи ги најновите технологии од Sony кои поставуваат нови стандарди во моќта на фотографирањето. Оваа технологија која исто така ја имаат и Cyber-shot RX10 и познатиот full-frame α7, ги репродуцира деталите и го намалува шумот овозможувајќи почиста и поприродна слика.

DSC-HX400V има куќиште кое изгледа како професионалните фотоапарати и совршено лежи во вашата рака. Не правете компромис со вашата креативна визија, овој модел од Sony нуди бројни опции и функционалности кои се прилагодени на вашите потреби, овозможувајќи ви да ги прилагодите и зачувате омилените подесувања.

Формирање на кадрите и фокусирањето се задоволство со висококонтрастниот електронски визир којшто нуди јасен поглед на предметот, овозможувајќи ви да направите композиција или да видите снимки на дисплејот - којшто се поместува за да ви обезбеди одличен видик кога ја држите камерата високо или пак ниско.

Motion Shot Video е функција за прегледување на драматични секвенци којашто ќе ви овозможи да ги следите брзите акции и да анализирате удар во тенис, голф или пак некој друг спорт.

Слично на Cyber-shot HX400V, и моделот DSC-HX60/HX60V нуди голем 30x оптички зум и идеални димензии што го прави одличен партнер за забавни одмори и интимни средби со природниот свет.

Exmor RTM CMOS сензорот со заднинско осветлување, врвните Sony G објективи и новоразвиениот BIONZ X процесор ќе ви овозможат да направите неверојатни фотографии, дури и при слаба светлина. Моќната комбинација на технологии од последната генерација на Sony ги крева стандардите за квалитет на сликата кој се очекува од компактните фотоапарати. Благодарение на оптичкиот стабилизатор на слика и интелегентниот активен режим за фотографирање ќе може да снимите многу јасни и стабилни видеа во висока дефиниција. Дури и ако пешачите, трчате или пак го држите фотоапаратот далеку од себе, ќе може да забележите импресивна стабилност на снимките и драматично намалување на тресењето.

Моделот DSC-WX350 пак е најмалиот и најлесниот компактен фотоапарат со моќен 20x оптички зум. Благодарение на оптичкиот стабилизатор на слика и интелегентниот активен режим за фотографирање ќе направите стабилни видеа во висока дефиниција без вибрации и тресење, дури и кога максимално го користите зумот, додека Exmor R CMOS сензорот со 18.2 ефективни мегапиксели и брзиот процесор на слика BIONZ X од Sony ќе ви овозможат да направите одлични фотографии и при слабо осветлување.

Beauty Effect автоматски ги ретушира портретите – ја измазнува кожата, отстранува одсјај, ги зголемува очите и ги осветлува забите за повпечатливи резултати без воопшто да имате потреба од познавања на програми за ретуширање на фотографии.  

Екстра долгиот живот на батеријата кај овој модел ќе ви овозможи да направите дури 470 фотографии со едно полнење.

Неодоливо мал, тенок и лесен за употреба, впечатливиот DSC-WX220 прави сериозно добри фотографии и видеа во висока дефиниција нудејќи врвни карактеристики како и останатите Cyber-shot модели кои вклучуваат оптички стабилизатор на слика со интелегентниот активен режим на фотографирање, Picture и Beauty Effect.

Заедничко за сите овие компактни Cyber-shot модели од Sony оваа сезона е вградениот Wi-Fi кој дозволува да испраќате фотографии и видеа директно на вашиот компјутер,таблет и телевизор, додека NFC многу едноставно ќе ве поврзе со компатибилните мобилни уреди со само еден допир. Може да го користите вашиот телефон како далечински управувач што го прави идеален за групни фотографии каде што нема да сакате да бидете зад фотоапаратот. 

Со помош на PlayMemories Camera Apps ќе го збогатите вашето фотографско искуство преку подобрување на креативните можности со зголемен избор на бесплатни и платени апликации кои може да ги користите за да направите многу поинтересни и покреативни фотографии.

Доколку имате 4К телевизор ќе може да го поврзете со фотоапаратот преку HDMI кабел и да се препуштите на едно целосно нов свет на фотографски реализам на големиот екран, додека вклучениот GPS ќе ви овозможи лесно да следите на мапа каде точно сте ги направиле вашите фотографии и видеа. 

 

Сите Cyber-shot дигитални фотоапарати од Sony ќе бидат достапни за продажба во Европа од Март 2014. 

18.03.2014 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа